Home Българите по Света Ефхаристо, бај Бојко

Ефхаристо, бај Бојко

След срещата на Бойко Борисов с гръцкия му колега Андонис Самарас коментарът в македонските издания не закъсня. За „Утрински вестник“ Любчо Поповски изразява искрената си загриженост да не би македонската общественост и македонският политически елит  да оценят гръцко-българската среща на върха в Атина като създаване на „антимакедонска ос на злото“. Публикуваме оригиналния текст, в който авторът Поповски дава гръцко „благодаря“ на Бописов:

Најстрашно би било ако македонската јавност и македонската политичка елита го оцени грчко-бугарскиот самит во Атина (во кој беа вклучени целите состави на двете влади) како создавање своевидна „антимакедонска оска на злото“. Таква оцена насочена кон самоизмама би била ужасно контрапродуктивна, би ги натерала двата клучни соседа целосно да ни го свртат грбот, а ние прометејски да си ја натовариме на грб улогата на „херои- маченици“.

Но, ужасно е тешко да ги оттргнеш ваквите мисли што надоаѓаат како циклони откако ќе ги прочиташ изјавите на Бојко Борисов и Андонис Самарас насочени кон Македонија, во кои се предупредува нашата држава дека секоја толеранција има граници. Премиерите се фалеа дека нивните шефови на дипломатии, Младенов и Аврамопулос, речиси се гушкале со истоветните ставови во Брисел околу прашањето на Македонија. Министрите за култура, Цаварас и Рашидов, и’ се потсмевале на нашава држава, зборувајќи дека „Македонија не е добро дете“, а грчкиот претседател Папуљас ги спореди односите меѓу двете држави со француско-германската оска на мирот и прогресот.

Секако дека кога од Скопје ги слушаш ваквите работи може да ти се крене косата на глава. Но, гневот не ги решава проблемите, само може да ги влоши. Секој што има поодговорна функција во државава треба неверојатно сериозно да си постави прашањето зошто дојде до ваквиот развој на настаните. Каде згрешивме? Што пропуштивме? Што не видовме? Што сакаме?

Бугарија и Грција ќе ја прогласат 2013 година за година на Кирил и Методиј, сесловенските просветители, кои сакавме со векови да ги држиме во нашата прегратка, а сега ги отфрламе бидејќи не биле Александрови чеда. Ние, всушност, сме способни од се’ да се откажеме во замислениот фантазмагоричен проект за единствени библиски потомци. Она што мислиме дека ќе ни остане, бидејќи, наводно, е наше, подоцна ќе го предадеме без поговор и ќе останеме без ништо – без историја, без идентитет, без иднина.

Не ни треба да фрламе рој остри стрели кон Софија. Ни треба способна дипломатија, а не рахитична како оваа, која ќе знае да ги одреди приоритетите, насоките и стратегијата како да ги поправиме односите со соседите.

Затоа што станува драматично. Неспособноста на оние што мислат дека многу знаат ја падна на колена оваа земја. Затоа ќе ги гледаме оние што до вчера не се разбираа како стануваат заљубени сојузници. На наша штета.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Последни Новини

Коментари